Top Sport

Алба: Нема шанси Нејмар да се врати во Барселона

Жорди Алба е сигурен дека Нејмар не бара враќање во Барселона, бидејќи самиот не гледа „логика“ во наводната желба на Бразилецот да се врати на „Ноу Камп“.

Нејмар замина за рекордни 222 милиони евра во Пари Сен-Жермен летото 2017 година, но оттогаш постојано има шпекулации за неговата огромна желба да биде назад во Блауграна, а шпанските медиуми дури тврдеа дека тој постојано додева на телефон на својот стар клуб.

Алба вели дека е свесен за шпекулациите, но додава дека никој во Барселона не размислува за такво нешто.

„Ние не зборуваме за таква можност. Тоа го кажуваат луѓе надвор од клубот, но не верувам дека е вистина. Нејмар е фантастичен фудбалер, еден од најдобрите, но тој реши да си оди и не гледам логика во враќањето. Затоа не верувам во тоа. Тој остана добар пријател со сите во соблекувалната, но и Педро и Марк Бартра беа пријатели со сите, но никој не зборува дека тие ќе се вратат. Јас не верувам“, вели Алба во интервју за каталонскиот „Спорт“.

Нејмар во моментов е во аут со повреда со неизвесен датум за враќање.

Scroll to Top