Top Sport

Јокиќ со фантастична партија ги „крена“ Нагетси (видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се врати од еден меч суспензија со фантастична партија и седми трипл-дабл учинок оваа сезона предводејќи ги Денвер нагетс до 126:110 победа над Филаделфија 76ерс.

За 34 минути, Јокиќ имаше 32 поени, 18 скока и 10 асистенции, а во првата четвртина постигна 17 поени! Дури пет негови соиграчи имаа двоцифрен број на поени – Плами (17), Бартон (16), Крег (15), Бизли и Морис (10).

И покрај оваа партија, на Интернет на Јокиќ му се потсмеваа за интересната ситуација во која тој „бараше петка“ од својот соиграч Чендлер.

Шампионот Голден стејт со 115:111 триумфираше на гостувањето во Бостон, откако Кевин Дурент постигна 33 поени и девет скока, а Стеф Кари додаде 24 поени. Мемфис со 106:103 ја победи Индијана предводени од 22-те поени на Конли, додека Сан Антонио триумфираше на гости кај Њу Орлеанс со 126:114.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Њу Орлеанс – Сан Антонио 114:126

Мемфис – Индијана 106:103

Бостон – Голден Стејт 111:115

Денвер – Филаделфија 126:110

Портланд – Атланта 120:111

Scroll to Top