Top Sport

Почина легендата на Вест Бром, Сирил Реџис (видео)

Во неделата од срцев удар почина Сирил Реџис, англиската фудбалска легенда кој во 1970-тите и 1980-тите покрај своите квалитети како стрелец беше вистинска модна икона кај англиската младина.

59-годишниот Реџис постигна 112 гола во 297 настапи за Вест Бром од 1977 до 1984 година, по што играше за тимовите на Ковентри, Астон Вила и Вулверхемптон. Тој беше само третиот црн фудбалер кој настапи за англиската репрезентација, иако имаше само пет настапи.

„Почина еден од моите идоли во фудбалот. Се работеше за врвен фудбалер, кој со години се бореше за црните фудбалери“, напиша поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Енди Кол.

Тимот на Вест Бром не го заборави својот фудбалер.

„Сирил беше лидер на легендарниот напад ‘три степени’ на крајот на 1970-тите, а покрај тоа беше и симбол во борбата против расизмот во Англија“, објавија од ВБА.

Scroll to Top