Top Sport

Алба за Пике: Вистинска штета, ја остави душата на терен во секој натпревар

Жорди Алба му оддаде почит на својот соиграч од Барселона, Жерард Пике по неговиот последен настап на „Ноу Камп“ пред пензионирањето.

Пике имаше емотивно збогување со домашната публика откако направи неочекувана одлука да се пензионира сред сезона, и Алба, кој беше партнер на Пике во одбраната на Блауграна објасни колку Каталонецот значеше за клубот.

„Жал ми е. Благодарен сум за сите работи кои ни ги даде. Тој направи многу за клубот и на крајот ова е штета за нас. Неговото отсуство ќе се забележи, не само во фудбалот, туку и во човечки рамки. Тој ја остави душата на терен во секој напревар. Ќе ни недостасува и мислам дека луѓето се свесни за тоа“, вели Алба.

Алба, слично како Пике нема голема минутажа оваа сезона под Чави Ернандез и шпекулациите го поврзуваат со трансфер во италијанската Серија А веќе во јануари.

Scroll to Top