Top Sport

Јунајтед ќе го пратат Ван-Бисака во Кристал палас во јануари

Манчестер јунајтед ќе му дозволат на Арон Ван-Бисака да се врати во Кристал палас во јануарскиот преоден рок како позајмен фудбалер, тврдат британските медиуми.

24-годишниот англиски дефанзивец оваа сезона воопшто не е во плановите на менаџерот Ерик Тен Хаг, бидејќи Диого Далот се промовираше во прв избор на позицијата десен бек, но „ѓаволите“ уште не се подготвени да го продадат. Ван-Бисака има само 4 минути фудбал со Јунајтед оваа сезона, влегувајќи како замена во еден меч во август.

Ван-Бисака пристигна на „Олд Трафорд“ во 2019 година и има уште две сезони под договор со клубот. Тој има вкупно 127 настапи за Јунајтед.

Scroll to Top