Алберт Иниеста наскоро ќе добие споменик од страна на неговата домашна шпанска провинција Албасете, за неговите успеси и за „вредностите кој тој ги претставува“.
Иниеста е роден во селото Фуентеалбилја, каде што веќе има една бронзена скулптура со неговиот лик во 2013, и ја почна кариерата во Албасете, тимот кој сега на дресовите го носи винскиот бренд на Иниеста, така што врската со родниот крај е очигледно висока.
Градоначалникот на Албасете, Мануел Серано, одлучи дека е време и неговиот град да му оддаде почит на еден од своите најпознати жители, одобрувајќи тендер за уметник со награда од 45.000 долари. Покрај таткото на Иниеста, градоначалникот Серано го објасни мотивот.
„Албасете ќе има скулптура на големиот Андрес Иниеста благодарение на осигурителната компанија ’Солис сегурос’, која ќе го финансира проектот. Со ова сакаме да оддадеме признание на еден од личностите кои го носи името на Албасете со гордост низ целиот свет“, изјави Серано.
#Albacete tendrá una escultura del gran @andresiniesta8 gracias a @SolissSeguros Un reconocimiento más que merecido de los albaceteños a uno de nuestros personajes más universales que lleva el nombre de Albacete con orgullo con todo el mundo. Mi agradecimiento a toda la familia pic.twitter.com/YbZJBw7PLE
— Manuel Serrano (@Selopezmanuel) October 22, 2018