Четири дена не делат од финалниот меч во Лигата на шампионите, а навивачите на Ливерпул го кренаа својот глас поради астрономските цени на билетите.
Реал Мадрид и Ливерпул, в сабота во Киев, ќе се борат за европската клупска круна. „Кралскиот клуб“ ќе се обиде да ја освои третата титула во низа, а желбата на Ливерпул е шестти пат во историјата да ја освои Европа.
За дуелот на Олимпискиот стадион во Киев, чии капацитет е 63.000 седишта, УЕФА на навивачите на двата тима им додели по 16.626 влезници.
Интересно, билетите за навивачите на Ливерпул се многу поскапи, во зависност од секторот тие достигнуваат цена и од 1.500 евра.
На интернет страницата „Тикетбис“, на која може да се препродадат влезниците, најевтиниот билет во секторот доделен на навивачите на Реал, може да се купи за нешто помалку од 470 евра, додека истите тие влезници во секторот доделен на „црвените“ се продава за сума од 1.500 евра, односни три пати поскапо.
Инаку, кога УЕФА ги додели билетите и кога клубовите започнаа да ги продават, цената за овие сектори била 75 евра за влезница.
„Ситуацијата не е нормална, бидејќи на трета страна и се овозможува да оствари голем профит. Имаме ситуација во која навивачи на Реал и Ливерпул, имаат можност да остварат добра приход“, рекол за Би-би-си, навивачот на Ливерпул, Нил Аткинсон.
Цените се уште повисоки, кога станува збор за неутралните сектори, така што сега билет за четвртото ниво се продава за 1.450 евра, додека луда е цената за билетите од второто ниво, кои кога беа пуштени во продажба се продаваа за 340 евра. Сената на овие билети сега изнесува ненормални 17.000 евра.
Од интернет страницата „Тикетсби“, велат дека преку нив, на годишно ниво влезници купуваат околу 300.000 луѓе, потенцирајќи дека изминатите денови продале само 120 билети за финалето.
Идентична била ситуацијата и на другите слични интернет страници. На „Тикетгам“, билетите можат да се купат по цена од околу 1.500 евра.