Тоби Алдервејрлд потпиша нов договор со Тотенхем. Белгиецот во северен Лондон ќе остане до јуни 2023 година.
Жозе Мурињо во Тотенхем се соочи со неколку проблеми. Првиот успеа да го реши, го врати тимот на победничкиот колосек. Вториот многу потежок започна да го решава успеа да го натера Алдервејрлд да остане во тимот, веројатно тоа ќе му успее и со Јан Вертонген.
Единствен неуспех ќе му биде Кристијан Ериксен. Данецот има јасни намери да го напушти клубот. Не му е важно дали тоа ќе биде во зимскиот или летниот преоден рок.
Алдервејрлд е играч на Тотенхем од 2015 година, а со новиот договор ќе добие поголема плата, иако клубот не ги објави финансиските детали.
✍️2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣✍️#THFC ⚪️ #COYS pic.twitter.com/w4QUayhBZs
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) December 20, 2019