Челниците на Тотенхем ја искористија опцијата за да го продолжат договорот со белгискиот репрезентативец Тоби Алдервирелд. Договорот на Белгиецот истекува по завршувањето на сезоната, а клубот ја искористи опцијата да му го продолжи договорот за уште една година.
Покрај тоа што го продолжија договорот со Алдервирелд, од Тотенхем во неговиот договор вградиле клаузула дека тој може да се оди доколку некој плати 25 милиони фунти. Клаузулата се однесува н последните две недели од преодниот рок.
„Иста ситуација имавме и со Јан Вертонген. Логично беше дека ќе го направиме ова со Алдревирелд“, рекол тренерот на Тотенхем, Мауруцио Покетино.
Алдервирелд е играч на Тотенхем од летото 2015 кога на „Вајт Харт Лејн“ пристигна од Атлетико Мадрид.