Дефанзивецот на премиерлигашот Тотенхем, Тоби Алдервирелд изјави во текот на летото не бил заинтересиран да го напушти клубот и да се приклучи на конкурентот Манчестер Јунајтед, пишува ESPN.
Според извори на ESPN, Јунајтед за време на летниот преоден рок направил понуда од 50 милиони фунти за Алдервирелд, односно за 20 милиони фунти помалку од она што барал Тотенхем за белгискиот репрезентативец.
“Насекаде велеа дека сум сакал да го напуштам Тотенхем по секоја цена Ова не е точно, бидејќи летото брзо сфатив оти Тотенхем сака да ме задржи, па морав да се борам за да го вратам своето место во тимот“, изјави Алдервирелд пред натпреварот на Белгија против Исланд во Лигата на нациите.
Белгискиот дефанзивец сепак допрва треба да се согласи со условите за нов договор со клубот, а неговиот сегашен договор, кој истекува по сезоната 2019/20, вклучува клаузула која ќе му дозволи да замине во друг клуб за сум од 25 милиони фунти.