Top Sport

Але е успешно опериран

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але беше успешно опериран откако му беше дијагностициран тумор на тестисите и ќе биде надвор од терените неколку месеци, изјави денеска спортскиот директор на клубот Себастијан Кел.

Репрезентативецот на Брегот на СлоноватакКоска дојде во Борусија Дортмунд од Ајакс на 6. јули за 31 милион евра, но 12 дена подоцна мораше да ги напушти подготовките поради лекување на тумор кој беше откриен по лекарските прегледи.

Кел рече дека операцијата на Але била успешна, но додаде дека следните чекори во третманот сè уште не се целосно јасни.

„Сè уште се разговара за натамошните насоки на лекување, има различни мислења. Себастијан сигурно ќе биде надвор од теренот неколку месеци, а штом можеме да бидеме поконкретни ќе објавиме“, додаде тој.

На прашањето дали Дортмунд ќе потпише нови договори за да го покрие отсуството на Але, Кел рече дека клубот е „подготвен за различни сценарија“.

Але (28), дојде во Дортмунд како замена за Норвежанецот Ерлинг Холанд, кој го засили Манчестер сити.

Тој минатата сезона постигна 34 гола за Ајакс, од кои 11 во Лигата на шампионите во осум натпревари.

Scroll to Top