Top Sport

Але ќе тренира од јануари

Како што пишува германски „Билд“, напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, од јануари ќе се врати на тренинзите на својот тим. Минатото лето на фудбалерот му беше дијагностициран рак на тестисите.

Але дојде во Дортмунд од Ајакс за над 30 милиони евра. Неколку дена откако го потпиша договорот му беше дијагостициран канцерот. Себастијан нема одиграно ниту една минута за Дортмунд поради неговата здравствена состојба, но би можел да се врати во тимот во пролетниот дел од сезоната.

„Билд“, пишува дека Але нема да има притисок од клубот да се врати на натпреварите, туку дека најважно е неговото здравје и враќањето во форма.

Поранешниот играч на Ајнтрахт, Вест Хем и Ајакс беше на Светското првенство во Катар каде беше поканет да биде почесен гостин.

Scroll to Top