Најдобриот стрелец на Ајакс, Себастијан Але, во јануари ќе учествува на Африканскиот куп. Играчот кој блескаше во Лигата на шампионите, се налутил на прашањето дали попрво би останал во клубот или би играл за репрезентацијата.
„Со ова прашање покажувате непочитување кон Африка. Дали вакво прашање би им поставиле на фудбалерите пред почеток на Европско првенство? Секако дека ќе играм на Купот на Африка. Голема чест е да се претставува државата“, изјавил 27-годишниот напаѓач.
Брегот на Слоновата коска се едни од фаворитите за висок пласман.