Агентот на Масимилијано Алегри вели дека тренерот добил неколку „предлози“, но дека чека „вистински проект“ кој ќе го убеди дека е време да се врати на работа, нешто што досега не се случило.
Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, е без работа речиси две години иако постојано беше поврзуван со повеќе големи клубови, како Челси, Манчестер јунајтед, Пари Сен-Жермен, Рома и Наполи.
„Макс доби неколку понуди, кои не беа земени во предвид. Тој е опуштен и по овој период на одмор, сега е подготвен да се врати на работа. Сепак, за тоа да се случи потребене е проект кој ќе го убеди. Засега, тоа не се случи“, вели неговиот агент Џовани Бранкини.