Top Sport

Кога спонзор ти е компанија за ѓубриво – Хас со руско знаме на болидот!

Иако се гордеат со фактот дека се единствениот американски Формула 1 тим, Хас очигледно потклекнаа под мирисот на руските пари, претставувајќи го својот нов болид во боите на руското знаме.

Тимот кој ќе му го даде Ф1 дебито на синот на Михаел Шумахер, Мик Шумахер, во тимот го има и Никита Мазепин, чиј татко, рускиот милијардер Димитриј Мазепин стана главен спонзор на тимот. Компанијата „Уралкали“, позната по тоа што е најголем светски производител на калиумско ѓубриво, потпиша повеќегодишен договор со компанијата, по што малиот Мазепин доби сигурно место во Ф1.

22-годишниот Никита, кој стана познат по видеото во кое „фаќа“ една девојка во автомобил во Дубаи, ќе мора да се натпреварува под неутрално знаме по суспензијата на сите руски спортисти поради допинг-скандалот, но затоа болидот гордо ќе ги носи боите на Русија, а тимот официјално се преименува во Уралкали Хас Ф1 Тим.

Scroll to Top