Top Sport

Алегри: Де Лихт може да си оди, ќе го замениме

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека очекува заминување на Матијс де Лихт и покрај тоа што „бјанконерите“ ја одбија првата понуда на Баерн Минех за холандскиот централен бек.

„Како што сите знаете, вчера имаше состанок со Баерн Минхен, но во моментов Де Лихт останува фудбалер на Јувентус и тренира нормално. Пазарот на играчи е отворен до 31 август, и задоволен сум од тоа што го направивме досега, така што ако Де Лихт замине, ќе бидеме подготвени да го замениме на најдобар можен начин“, вели Алегри.

Де Лихт одби да го продолжи договорот со Јувентус, но има важечки договор до 2024 година со клаузула од 120 милиони евра. Тој веќе ги договорил личните услови со Баерн.

Scroll to Top