Top Sport

Шкупи со понижувачки пораз во Гибралтар, но оди на Динамо Загреб во квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион, Шкупи, успеа да загуби на гостувањето во Гибралтар од Линколн ред импс со 2:0, но сепак, се квалификуваше во наредното коло на квалификациите на Лигата на шампионите по домашната 3:0 победа. Во следното коло тимот на Гоце Седлоски ќе се судри со неговиот поранешен клуб, великанот за балкански рамки, Динамо Загреб.

Домаќините голот го постигнаа во 32. минута, кога по лошата реакција на одбраната на Шкупи, прво ја погодија стативата, за потоа Хуанфри со убав удар да ја смести топката во мрежата на Николовски. Кошмарот за Шкупи продолжи во 69. минута, кога 40-годишниот Ли Каскјаро успеа да зголеми на 2:0, по што на домаќините им беше потребен само еден гол за да ја поништат предноста на македонскиот клуб.

Графика: Sofascore за Топспорт

Scroll to Top