Top Sport

Алегри добил ултиматум од Јувентус

Јувентус е во исклучително лоша ситуација во Серија А. Најуспешниот тим во Италија моментно е само осмопласиран на табелата, додека Лигата на шампионите ја започна со два порази.

Пред заминувањето на паузата „бјанконерите“ беа поразени од Монца, но по превирањата претседателот Ањели реши да ја продолжи вербата во Алегри. Сепак, од Италија сега пристигнува информација дека тој ќе има рок од пет натпревари за да ги подобри резултатите на тимот.

Алегри наводно добил ултиматум да ги победи двата меча против Макаби во следните две кола во Лигата на шампионите и да освои минимум седум бода во следните три кола од Серија А.

Во италијанскиот шампионат Јувентус в недела го очекува средба со Болоња, а потоа дерби дуели со Милан и со Торино.

Scroll to Top