Top Sport

Алегри: Два пати во кариерата го одбив Реал

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, открил дека во кариерата два пати го одбил најславниот светски клуб, Реал Мадрид.

„Пред две години имав потпишан договор со Реал, но наредното утро му се јавив на претседателот Перез и му кажав дека нема да дојдам, бидејќи го одбрав Јувентус. Првиот пат кога ги одбив веќе го имав обновено договорот со Јувентус. Тогаш на претседателот Перез му кажав дека му дадов збор на Андреа Ањели“, рекол Алегри и дополнил.

„Дали имав некаква дилема? Не, откако Јуве ме побараа да се вратам, немаше никаков сомнеж кај мене. Секако дека Реал би бил круна на мојата кариера, откако претходно работев во Милан и Јувентус, но не можете во животот да добиете се. Среќен сум што четири години го тренирав Милан, а сега влегов во шестата година од договорот со клуб каков што е Јувентус“.

Scroll to Top