Елиминацијата од Аталната во четврт-финалето на Купот, тренерот на Јувентус Максимилијано Алекгри ја искористи да ги предупреди своите играч, пред завршните битки што ги очекуваат сезонава.
Јувентус, во средата, убедливо загуби во Бергамо (3.0) и остана без трофејот во Купот.
„Фудбалот не е Плејстејшн. Мораме да се обидуваме да победуваме, како што тоа го правевме изминатите сезони. Тоа бара не само вештина и знаење туку и малку среќа. Тоа што во тимот сега го имаме играч каков што е Роналдо не ни гарантира дека ќе победиме“, рекол Алегри.
Јувентус во Серија А стои добро на табелата, имаат 11 бода повеќе од Наполи. Сепак, Алегри повикува на внимателност иако разликата во однос на конкурентите е огромна.
„Работиме за да бележиме победи, но покрај нас има уште многу победи. Да се игра добар фудбал е најлесната работа на светот. Но да победувате и да играте добар фудбал е малку потешко“, заклучил тренерот на „старата дама“.
Јувентус, вечерва од 20.30 часот, во 22 коло во Серија А ќе ја пречека Парма.