Top Sport

Алкасер е играч на Борусија Дортмунд

Шпанскиот репрезентативец Пако Алкасер официјално стана играч на Борусија Дортмунд, откако „милионерите“ решија да го откупат неговиот договор од Барселона.

Алкасер, на почетокот на сезоната како позајмен играч од Барселона пристигна во Дортмунд. Веднаш се вклопи во тимот, постигна 12 гла на 14 натпревари, поради што челниците на Борусија решија да го откупат неговиот договор.

За трансферот на Алкасер, Бируисја издвои 23 милиони евра.

Scroll to Top