Top Sport

Алегри го чека Тотенхем

Масимилијано Алегри е блиску до тренерската позиција во англискиот Тотенхем ако се исполнат најавите дека Реал Мадрид веќе го „пикирале“ Маурисио Почетино како можна замена за Зинедин Зидан.

Според „Калчомеркато“, во Мадрид сериозно размислуваат да го сменат Зидан, а Почетино е „стара желба“ на „кралскиот клуб“, иако Аргентинецот беше поврзуван со трансфер во Јувентус како замена за Алегри.

Почетино при присуството на ФИФА наградите во Милано повторно беше запрашан за врската со Реал Мадрид и изјави дека „еден ден“ би можел да биде тренер на клубот од Мадрид. Италијанските медиуми пак, тврдат дека Алегри паузата од фудбалската работа ја користи за учење англиски јазик.

Scroll to Top