Top Sport

Путин сака преселба на Руското ГП во Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин планира да го пресели Руското ГП, кое се оддржува на брегот на Црното Море во Сочи во градот каде што порано беше градоначалник, старата царска руска престолнина Санкт Петербург.

Според британскиот „Дејли мејл“, Путин е во контакт со сопствениците на Ф1, „Либерти медија“ и е подготвен да финансира нова патека на 20-тина километри од вториот најголем град во Русија, каде што би се преселила трката веќе во 2021 година.

Во проектот е вклучен поранешниот шеф на Ф1, Берни Еклстоун, човекот кој е добар пријател со Путин и кој ја однесе првпат Ф1 во Русија. „Либерти медија“ сакаат нови пазари за Ф1, како Виетнам, каде што следната година ќе се оддржи трка, а Санкт Петербург е подобра локација за „голем настан“ од градот на брегот на Црното Море.

Путин е голем љубител на Ф1, и во 2010 година возеше Рено Ф1 болид на таен тест на патека во близина на Санкт Петербург.

Scroll to Top