Јувентус ќе се раздели со Масимилијано Алегри на крајот од оваа сезона, а тренерската функција ќе ја преземе Тиаго Мота, објави „Скај Спортс Италија“.
Ова е втор мандат на Алегри на клупата на „Старата дама“. Тој се врати во Торино во 2021 година по пауза од две години и неговото враќање не се покажа како најдобар потег.
Важните трофеи му бегаат на Јувентус од сезона во сезона, тимот игра слабо и огромното мнозинство навивачи веќе подолго време бараат промена на тренерската позиција.
Се чини дека желбата ќе им биде исполнета за неколку месеци. Спортскиот директор Кристијано Џунтоли веќе започнал преговори со Тиаго Мота кој одлично си ја врши работата со Болоња оваа сезона.
Овој клуб игра одличен фудбал, четврти е на табелата со два бода помалку од Јувентус.