Фудбалскиот клуб Јувентус во актуелниот преоден рок донсе само еден нов играч. Второто засилување во Торино треба да пристигне од реал Мадрид.
Единствениот трансфер на „старата дама“ во преодниот рок е е американскиот репрезентативец Тимоти Веа (23), кој дојде од француски Лил во трансфер вреден 12 милиони евра.
Сега Јувентус цели кон ново засилување, а желба е долгогодишениот играч на Реал Мадрид, Лукас Васкез (32).
Според италијанските медуми, тренерот Масимилијано Алегри инсиситрал на овој трансфер.
Јувентус е подготвен да понуди седум милиони евра за Васкез, сума што наводно Реал е подготвен да ја прифати. Многу е веројатно дека трансферот ќе се реализира во наредните денови.