Top Sport

Алегри им порачал на Јувентус: Нема шанси да си заминам

Масимилијано Алегри им порачал на првите луѓе на Јувентус дека не планира да си поднесе оставка во текот на летото, и дека е подготвен да работи со потенцијалниот нов спортски директор Кристијано Џунтоли во иднина, тврди „Ла газета дело спорт“.

Враќањето на 55-годишниот Алегри на клупата на Јуве е далеку потешко од неговиот прв престој, делумно поради формата на теренот, но и поради казната од 10 поени за финансиските прекршоци. Пред вечерашното дерби со Милан, Јувентус останува со теоретски шанси за влез во Лигата на шампионите, но според „Газета“, Алегри јасно порачал дека и при неуспех не планира да се повлече одд позицијата.

Тој исто така е подготвен да работи со Џунтоли, откако италијанските медиум шпекулираат дека Јуве сакаат да го „грабнат“ креаторот на шампионскиот тим на Наполи.

Scroll to Top