Top Sport

Наполи со двојно повисока плата го убедуваат Кварацхелија да остане

Наполи се подготвени повеќе од двојно да му ја зголемат годишната плата на Квича Кварацхелија во обид да го обврзат на долгогодишен договор, тврди „Кориере дело спорт“.

22-годишниот грузиски репрезентативец беше купен за само 11 милиони евра, и беше еден од клучните играчи на Лучано Спалети кој ја освои првата титула од 1990 со 12 гола и 13 асистенции. Ова веднаш предизвика голем интерес на англиските клубови, но и на Реал Мадрид.

Во Наполи се подготвени за разговори – бидејќи неговата плата е само милион евра по сезона, во новиот договор тој би добил 2.5 милиони евра годишно плус дополнителни пари со лесно остварливи бонуси. Сегашниот договор на Кварацхелија завршува во јуни 2027.

Scroll to Top