Јувентус зад себе има разочарувачка сезона во Серија А. „Старата дама“ избори пласман во Лигата на шампионите, но во ниту еден момент не беше кандидат во борбата за Скудетото.
Затоа тренерот Масимилијано Алегри ќе мора да прави ремонт и да го засили тимот. Приоритет стави на четири имиња.
Прв на листата е Анхел Ди Марија. Аргентинецот летово го напушта ПСЖ како слободен играч и Алегри сака да формира напаѓачка тројка во која тој би бил заедно со Влаховиќ и Кијеза.
На средината на теренот првите пикови се Сергеј Милинковиќ – Савиќ од Лацио и уште еден Аргентинец од ПСЖ, Леандро Паредес.
Во одбраната Алегри сака да се засили со Милан Шкрињар од Интер. Тоа ќе биде тешко остварливо, па како алтернатива се споменува Габриел од Арсенал.