Top Sport

Алегри: Каков конфликт со Ањели, бевме на вечера и добро се најадовме

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри вели дека преговорите за нов договор ќе почекаат до крајот на сезоната, но инсистира дека шпекулациите во италијанските медиуми за конфликт со претседателот Андреа Ањели не се вистинити.

Весникот „Либеро“ тврдеше дека Алегри може да добие отказ во следните неколку дена по расправијата со Ањели оваа недела, а дека поранешните фудбалери на клубот, Зинедин Зидан и Антонио Конте се први кандидати за негов заменик.

Покрај тоа се тврди дека Алегри се состанал со новиот директор на Интер, Бепе Марота за да преговара за преземање на „нераѕурите“ следната сезона, нешто што толку го налутил Алегри што тој размислува за отказ пред мечот од ЛШ против Атлетико Мадрид (каде што Јуве ќе бркаат 0:2 негатива) следниот вторник.

Алегри вели дека ова не е вистина и дека бил на вечера со Ањели во средата, каде што разговарале за што понатаму по крајот на сезоната.

„Се сретнав со претседателот вчера на вечера. Ние сме двајца интелигентни луѓе кои изградивме нешто важно овие пет години и јас сум во целосна хармонија со клубот. Да се победи е нешто исклучително, но да се продолжи да се победува е уште потешко. Јувентус има солидна база со која можеме да дозволиме секоја година да одиме на титулата од Лигата на шампионите. Никогаш не сум кажал дека сакам да заминам од Јувенус, како што и претседателот никогаш не кажал дека сака да смени тренер. Зборувавме, јадевме добро и одлучивме дека ќе зборуваме за договорот по крајот на сезоната, како и секоја година“, вели Алегри, кој е на позицијата од 2014 година, период во кој освои четири титули од Серија А и играше две финалиња на ЛШ.

Scroll to Top