Top Sport

Барем на ракометниот клуб му оди! Лазаров и Нант без шанса против ПСЖ

Пари Сен-Жермен под водство на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалес стигна до импресивна 34:29 победа над Нант во дербито на француската Лидл старлига за да направат уште еден чекор кон титулата.

Додека фудбалскиот клуб ПСЖ уште ги „лиже раните“ по елиминацијата од Лигата на шампионите, на ракометниот ПСЖ му оди како „подмачкано“ – тие газат и во ЕХФ Лигата на шампионите и во францускиот шампионат. Триумфот над Нант беше 16-ти во 17 кола, и досега клубот има одиграно само едно реми, останувајќи четири поени пред второпласираниот Монпелје и сега пет пред Нант.

Против Нант, Хрватот Лука Степанчиќ беше најефикасен со девет постигнати голови, шест додаде Уве Генсхајмер, а по пет имаа Микел Хансен и Сандер Сагосен, покажувајќи го блескавиот квалитет на клубот. Лазаров заедно со Оливие Њокас беше најефикасен за Нант со пет постигнати голови.

Scroll to Top