Top Sport

Алегри ќе остане тренер на Јувентус: „Плановите се долгорочни, имаме силна релација“

Италијанскиот калчолигаш Јувентус ќе го задржи Масимилијано Алегри на клупата и следната сезона, објави генералниот менаџер на „старата дама“, Маурицио Сканавино.

Стратегот има долгорочен договор, а Јувентус нема да биде дел од Лигата на шампионите после тешката сезона и одземените десет бода поради финансиски малверзации.

„Никогаш не сме размислувале за разделба со Масимилијано Алегри. Нашите планови со Алегри се долгорочни, имаме силна релација, а во моментов решаваме прашања поврзани со тимот и летната селекција“, изјави Сканавино.

Италијанските медиуми изминатите денови шпекулираа дека можеби Масимилијано Алегри ќе биде нов тренер на актуелниот шампион Наполи.

Scroll to Top