Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе ги одмора речиси сите играчи од стартната постава на вечерашниот натпревар против Болоња, што ќе се одигра во шестото коло, во Серија А.
Како што пишуваат италијанските медиуми, во тимот на Јувентус ќе ги нема голманот Шчесни, Пјаниќ, Алекс Сандро, Кансело, Кјелини, Кедира и Манџукиќ.
Кристијано Роналдо ќе го предводи нападот, но тоа е така бидејќи тој во вторник нема да игра против Јанг Бојс во Лигата на шампионите.
Основната причина што Алегри решил да одмори голем број од играчите е дербито што Јувентус ќе го одигра в сабота против екипата на Наполи.