Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, повеќе немал мотиви да работи во Италија и по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Англија. Во интервју за „Дејли телегрф“, Алегри, открил дека заминува од клубот.
Алегри во изминатите три сезони исто толку пати ја освои Серија А, а на добар пат е да ја освои и четвртата титула со Јувентус и два пати играше финале во Лигата на шампионите.
Во интервјуто, тој открил дека планира уште пет-шест години да работи како тренер.
„Сигурно ќе заминам во странство. Готово е со Италија“, рекол Алегри.
Инаку, интерес за неговите улуги покажуваа екипите од Лондон Челси и Арсенал. Овие два тима извесно е дека по завршувањето на сеозната ќе ги отпуштат менаџерите Антонио Конте, односно Арсен Венгер.