Top Sport

Алегри му се заблагодари на Манџукиќ за црвениот картон

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри му се заблагодари на хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ за добивањето на црвениот картон во првото полувреме од мечот против Удинезе во неделата.

Манџукиќ беше бизарно исклучен во 25. минута додека Јуве водеше со 2:1, а без него тие го комплетираа триумфот со 6:2. Алегри вели дека исклучувањето на Хрватот само ги налутило неговите соиграчи кои претходно освоија само еден поен во претходните два меча.

„Сакам да му заблагодарам на Марио бидејќи ни беше потребно да одиграме ваков меч со 10 играчи. Моравме да се вратиме на победите со одбрана и со мачење за резултатот“, изјави Алегри со насмевка.

Тој додаде дека и така размислувал да го одмори Манџукиќ за следниот меч дури и пред тој да биде исклучен. Јувентус сега се трети со 22 поени, три помалку од лидерите Наполи, кои во саботата одиграа 0:0 со Интер.

Scroll to Top