Top Sport

Ла Лига: Победи за Реал, Атлетико и Леганес

Мадридските тимови Реал, Атлетико и Леганес забележаа победи во последните три средби од неделната програма во Ла Лига.

Реал на „Сантијаго Бернабеу“ запиша лесна победа во дуелот со Еибар и се врати на негатива од пет бода во односн на водечката Барселона.

Крситијано Роналдо не постигна гол на овој меч, во кој Реал ја обезбеди победата во првите половина час кога авто-гол си постигна Оливеира, а потоа погоди и Асенсио. Конечните 3:0 ги постави Марсело во 82 минута.

Атлетико го стуваше на „Балаидос“ во Виго и успеа со минимални 1:0 да ја совлада Селта. Во еден типичен меч за тимот кој го води Диего Симеоне, без Коке и Караско, решавачкиот момент се случи во 28 минута кога домашниот голман го совлада Гамеиро.

Атлетико се уште нема пораз во првенството и се наоѓа на четвртото место со 19 бодови.

Апсолутен хит во првите десет кола е малиот мадридски тим Леганес. „Сино-белите“ веќе пет кола немаат пораз и се искачија на петтата позиција на табелата со 17 бодови.

Во деветтото коло Леганес го победи Атлетик Билбао со 1:0. Голот кој на Леганес му донесе три бода го постигна Буве во 54 минута.

Scroll to Top