Top Sport

Алегри на последниот состанок советувал Јуве да го продадат Роналдо

Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри ги предупредил своите шефови дека треба да го продадат Кристијано Роналдо бидејќи тој го „блокирал“ растот на клубот.

Јуве го донесоа Роналдо во Италија во 2018 година од Реал Мадрид и Алегри имаше шанса да работи со него една година, освојувајќи ја осмата титула од Серија А (и петта под Алегри), но потоа беше сменет од Маурицио Сари (кој изддржа една сезона).

Според весникот, на последниот состанок на Алегри со претседателот Андреа Ањели тој јасно му посочил дека треба да го продадат Роналдо бидејќи поради него младите фудбалери не добиваат доволно време.

Роналдо пристигна во Торино со амбиции на клубот да му донесе трофеј од Лигата на шампионите. Првата сезона под Алегри тие стигнаа до четврт-финалето, но последните две сезони се елиминирани во осминафиналето.

Scroll to Top