Top Sport

Нејмар ја стресе пречката – Чупо-Мотинг голот, Баерн има надеж во Париз!

Баерн Минхен има 0:1 водство на гости кај Пари Сен-Жермен по првите 45 минути од реваншот во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако Ерик-Максим Чупо-Мотинг ги казни домаќините за промашувањата со гол во 41. минута. Бидејќи во првиот меч во Минхен беше 3:2 за ПСЖ, со овој гол иако е израмнето на 3:3, Парижани се во подобра позиција поради постигнат гол на гости.

Голот на Чупо-Мотинг по мешаницата во шестнаесетникот на ПСЖ дојде веднаш откако Нејмар ја стресе пречката. Како и да е не очекуваат тензични втори 45 минути.

Челси и Порто пак, по првите 45 минути се без голови. Во првиот меч Челси имаше 2:0 предност.

Scroll to Top