Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, даде свој коментар за укинувањето на казната за одземените 15 бода од тимот. Италијанскиот стратег го сподели и своето мислење за дербито против Наполи во 31. коло во Серија А.
„Наполи, кој е на пат да го освои „скудетото“, имаше извонредна сезона и заслужено ќе стане шампион. Нѐ очекува тежок натпревар против силен тим. Сакаме да го победиме лидерот во првенството. Силни се, тоа го докажаа и во Италија и во Европа. На Наполи му оди одлично, ја „убија“ конкуренцијата со импресивен состав. Ние до крајот на првенството мораме да собереме што повеќе бодови бидејќи наша цел е следната година да играме во Лигата на шампионите“, изјави Алегри.
Наполи е на врвот на табелата во Серија А со 75 бода, а Јувентус сега е сместен на третата позиција со 59 бода.