Top Sport

Алегри научи англиски, чека Солскјер да добие отказ

Италијанскиот фудбалски стратег, Масимилијано Алегри е подготвен да се врати на својата работа, откако поранешниот тренер на Милан и Јувентус се смета за најголем кандидат за замена на Оле Гунар Солскјер во Манчестер јунајтед, тврди „Дејли мејл“.

52-годишниот Алегри си замина од Јувентус откако ја освои петтата последователна титула минатиот мај и беше заменет со Маурицио Сари, по што најави дека ќе паузира една година. Тој беше поврзуван со повеќе клубови во текот на зимата, и беше главен кандидат за Тотенхем пред Жозе Мурињо да биде промовиран како наследник на Маурисио Почетино.

Алегри неколку пати призна дека слободното време го користи за учење на англискиот јазик, а подготвен е за премиерлигашки предизвик со тим како Манчестер јунајтед. Солскјер беше поставен за постојан менаџер на Јунајтед минатиот март, но сезоната повторно е разочарувачка за навивачите на „ѓаволите“.

Scroll to Top