Top Sport

Леао: Златан ми стана како постар брат

Младиот португалски фудбалер на Милан, Рафаел Леао вели дека има фантастична врска со новиот член на тимот, Златан Ибрахимовиќ, откако по доаѓањето на Швеѓанецот тренерот Стефано Пиоли работи на 4-4-2 формација без Сусо и Кшиштоф Пјонтек.

Ибра пристигна минатата недела во Милано и дебитираше како замена при 0:0 мечот со Сампдорија, и сега се очекува тимот да стартува со Ибра и Леао во нападот и со Кастилехо и Чалханоглу на крилата и во саботниот меч со Каљари.

„За мене, Ибрахимовиќ е како постар брат. Откако пристигна, постојано зборуваме, тој ме советува како да бидам подобар, како да се поставам во пеналтикот. Се работи за фантастичен фудбалер од кого многу можам да научам. Мислам дека ќе ни помогне оваа сезона. Ние сме Милан, така што треба да се вратиме во ЛШ или барем во Лига Европа. Не играм многу оваа сезона, но верувам дека тоа ќе се смени“, вели Леао за „Скај спорт Италија“.

Scroll to Top