Top Sport

Алегри немал намера да го напушти Јувентус

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри реши да проговори за својата иднина во клубот. Алегри одговорил на новинарски прашања во пресрет на мечот со Рома во Серија А.

Медиумите му ја кројат судбината на Алегри уште од елиминацијата од Ајакс во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

„Пред мечот со Ајакс разговарав со претседателот, ми кажа дека сака да ја продолжиме соработката. Ќе видиме дали нешто се сменило по елиминацијата. Пишувате дека разговорите се одложени, но тоа не е точно, никој ништо не ми кажал. Константно разговараме, ќе видиме што ќе се случи по мечот со Аталанта кога ќе ја прославиме титулата. Го чекам претседателот, да видам дали нешто се сменило“, рекол Алегри.

На останатите шпекулации Алегри не сакал да одговара.

„Останатото е летна приказна, јас во главата знам како треба да изгледа Јувентус наредната сезона. Јас сум благодарен за се она што ми го пружија досега во Јувентус.“.

На крајот Алегри демантирал дека е незадоволен од некои играчи во тимот.

„Дибала ќе игра во Рим, Кансело, Бернардески, Емре Џан, Бентакур, Ругани напредуваа сезонава. Де Шиљо, Даглса Коста, Алекс Сандро не се стари, мислам дека имаме одличен тим. На крајот од сезоната челниците ќе решат околу иднината на некои играчи“, завршил Алегри.

Scroll to Top