Top Sport

Алегри одби да ги споредува Влаховиќ и Роналдо

Иако навивачите на Јувентус сметаат дека во Душан Влаховиќ добија вистински наследник на Кристијано Роналдо, тренерот Макс Алегри не сакаше да ги споредува двајцата напаѓачи по 3:2 победата над Емполи, во меч во кој српскиот напаѓач постигна два гола.

„Влаховиќ е важен фудбалер за нас, со карактер и квалитет, и со неговото доаѓање добивме многу. Веднаш се гледа дека тој е момче кој има карактер и сака да оди на победи. Но, нема да правам споредби. Претходиот сопственик на дресот со број 7 четири пати ја освојуваше ‘Златната топка’, додека Влаховиќ само што почнува. Еден добар натпревар не е доволен, потребна е постојаност и ментална сила“, вели Алегри.

Scroll to Top