Top Sport

Алегри потврди дека Рамзи го напушта Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, потврдил дека Арон Рамзи во наредните денови ќе го напушти клубот.

Рамзи, како слободен играч пред три години од Арсенал пристигна во Торино. Доби голема плата, но не успеа да се наметне во тимот. За Јувентус одигра 70 натпревари, постигна шест гола.

„Арон не е со тимот, тој ќе замине од клубот“, рекол Алегри.

Не е познато каде Рамзи ќе ја продолжи кариерата, сигурно е само дека ќе се врати во Премиер лигата.

31-годишноот Велшанец, покрај за Арсенал и Јувентус, настапувал и за Кардиф, односно Нотингем форест.

Scroll to Top