Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри вели дека е слично да се работи со Кристијано Роналдо и со Златан Ибрахимовиќ, бидејќи двајцата се забавуваат само кога победуваат.
Алегри ја претстави својата нова книга „Многу едноставно“ (E Molto Semplice), во која зборува за своето искуство како тренер на Милан и на Јувентус, клубови со кои ја освојуваше Серија А.
„Во однос на менталитетот, Роналдо е најсилен. Секој ден наоѓа некоја лична цел и дополнителна сила за работа. Фудбалер кој освоил сè на 34 години, тешко наоѓа мотивација, и во тој аспект тој е убиствен. Неговата посветеност е неверојатна и мислам дека сите треба да учиме од него. На пример, во сабота наутро имаме натпревар помеѓу тренинзите. Тој се забавува, но само ако победува. Пишував за истото во мојата книга за Ибра, и за него забавата е да се победува. Го имав Ибра во Милан и тој секој ден беше лут поради едно лошо додавање. Му кажав дека ќе беше лесно сите да го имаа неговиот талент“, вели Алегри.
⚽”È molto semplice”?@SalonedelLibro??https://t.co/0G5RDdoLCa
— pina.dero (@pinadero50) May 13, 2019