Top Sport

Алегри: Роналдо ми потврди дека останува, гаранција ни е за многу голови

Кристијано Роналдо не настапи на последниот подготвителен меч за „Старата дама“ пред почетокот на сезоната во Серија А, па во италијанските медиуми повторно се актуелизираше прашањето за неговото останување во клубот од Торино.

Тренерот Масимилијано Алегри тврди дека Португалецот сезонава ќе о носи „црно-белиот“ дрес потврдувајќи дека за тоа разговарал со фудбалерот.

„Роналдо не играше затоа што јас му дадов слободен ден по напорните тренинзи. Тој е за нас бонус, гаранција за многу голови. Јасно, за да извлечеме од поединец максимум мора да работите тимски. Ги прочитав гласините во медиумите. Нас тој никогаш не ни рекол дека сака да си оди, а мене ми потврди дека останува во Јувентус“ рече Алегри.

Роналдо е под договор со „бјанконерите“ само уште оваа сезона.

Scroll to Top