Top Sport

Алегри сака да го врати Мората во Јувентус

На почетокот на овој месец Јувентус соопшти дека Алваро Мората нема да остане во клубот и дека се враќа во Атлетико Мадрид. Мората претходните две сезони ги мина играјќи за Јувентус како позајмен од Атлетико Мадрид, но се врати во шпанскиот клуб. Атлетико за напаѓачот бара 35 милиони, Јуве понуди 10 милиони евра помалку.

На почетокот на месецот Јувентус дури објави и порака во која му се заблагодари на Мората за се што дал за клубот, и му посака многу среќа во преостанатиот дел од кариерата.

Мората моментално е со тимот на Атлетико Мадрид во Америка на подготовки, но се чини дека не е баш во прв план на Диего Симеоне. Затоа се повеќе се шпекулира дека Мората летово ќе го напушти Атлетико. Шпанскиот репрезентативец сега повторно се поврзува со Јувентус.

Како што пишува „Марка“, тренерот на италијанскиот клуб Масимилијано Алегри нема ништо против враќањето на Мората бидејќи смета дека таков напаѓач му е потребен на Јувентус.

Мората може да игра како крилен напаѓач, како втор шпиц, но и прфаќа да му биде резерва на Душан Влаховиќ.

Дали ќе има пресврт и ново враќање на Шпанецот во Јувентус, останува да видиме.

Scroll to Top