Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, за италијанските медиуми проговорил околу екипите што ќе му конкурираат на неговиот тим во борбата за титулата во Серија А.
Во досегашниот дел од сезоната, само Наполи го држи чекорот со „старата дама“, додека лошо стартуваа Рома и Интер.
Викендов, Јувентус ќе го пречека Наполи и доколку забележи победа ќе се оддалечи од овој конкурент на шест бода.
Минатата сезона Наполи успеа да победи во Торино со голот на Кулибали.
„Нашите натпреварите секогаш се компликувани. Што е да се случи в сабота, потоа има да се одиграат уште многу натпревари. Наполи е одличен тим, а Анчелоти внесе стабилност во нивната игра. Тие дефинитивно се нашиот најголем ривал во борбата за титулата“, рекол Алегри, со што практично ги отпишал останатите тимови од борбата за скудетото.
Дербито помеѓу Јувентус и Наполи в сабота ќе започне во 18 часот.