Масимилијано Алегри шест месеци е без работа, откако ја раскина соработката со Јувентус по завршувањето на минатата сезона. Инаку, Алегри, се уште зема плата од Јувентус со кого освои четири титули во Серија А и два пати играше финале во Лигата на шампионите.
Алегри во изминатиот период беше поврзуван со неколку клубови. Наводно Манчестер Јунајтед и Баерн биле заинтересирани за него, а беше и во комбинација за тренер на Тотенхем. Од минатата недела тој се поврзува и со Арсенал.
Во разговор за ЕСПН тој рекол дека ќе одмори оваа сезона, односно дека на работното место ќе се врати во јуни наредната година. Не открил која е неговата можна дестинација.
„Се враќам наредниот јуни. Во текот на оваа сезона нема да му се приклучам на ниту еден клуб. Но да одам на часови по англиски јазик“, рекол Алегри.