Top Sport

Алегри со пораз се прости од Јувентус (Видео)

Фудбалерите на Сампдорија со победа над шампионот Јувентус ја завршија сезоната 2018/2019. На „Луиџи Ферарис“ Сампдорија победи со 2:0.

Сампдорија победија по пауза од пет натпревари, додека Јувентус го заокружи лошиот финиш на оваа сезона. На последните пет натпревари играчите на Јувентус не успеаја да победат (два порази и три нерешени резултати).

Овој натпревар беше последен за Масимилијано Алегри на клупата на „старата дама“ од Торино.

Сампдорија до победата стигнаа во последните минути од натпреварот, откако во првите 60 минути беа видени две големи шанси за постигнување на гол, а во 80 минута поради офсајд беше поништен голот што го постигна тинејџерот од Јувентус, Моизес Кеан.

Првиот гол на натпреварот во 84 минута го постигна Дефрел, а во 91 минута конечниот резултат го постави Капрари.

Scroll to Top