Душан Валховиќ не можеше да си посака подобро деби во дресот на Јувентус. Играчот за кого Јувентус платија 81.600.000 евра, го постигна првиот гол во победата на Јувентус над Верона од 2:0. Вториот гол го постигна Закарија, кој исто така дебитираше за Јувентус.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по мечот наместо пофалби на стрелците на головите им укажа на грешките што ги правеле на теренот.
„Постојат работи кои Влаховиќ и Закарија мора да ги подобрат. Душан имаше неколку лоши допири со топката на почетокот. На тоа мора да работи, тој сака да има контакт со противничките дефанзивци, но има само 22 години, не е толку искусен. Мора повеќе да ја користи десната нога“, рекол Алегри.